а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ориентира

ориентираат; ориентирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 13438
1. Определи, определува насока на движење или дејствување.
Англиски: orientate Албански: orienton
2. Упати, упатува, насочи, насочува, помогне, помага некому да најде пат или решение во некоја ситуација.
Англиски: guide Албански: udhëheq
3. (се ориентира) Ја определи, определува својата позиција, местоположба.
Англиски: orientate Албански: orienton
Примери:
Тие се ориентирале според ѕвездите.
4. (се ориентира) Ја насочи, насочува својата дејност кон определена цел.
Англиски: guide Албански: drejton
Примери:
Се ориентира на акции во оние места кај што беше непријателот послаб.
5. (се ориентира) Се запознае, запознава со некој проблем, добива податоци за него.
Англиски: cope Албански: përballoj
Примери:
Долго се распрашуваше за да може подобро да се ориентира во новата средина.
6. (се ориентира) Се снајде, се снаоѓа во определени околности и ситуации.
Англиски: cope Албански: përballoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа одлично се ориентира во секакви ситуации.
Изведенки
ориентирање ср.
глаг. им.